Денис Квејд (70) во друштво на 39 години помладата сопруга привлече внимание во Лас Вегас

од Vladimir Zorba

Актерот од Холивуд, Денис Квејд, ги привлече погледите на доделувањето на наградите CinemaCon во Лас Вегас.

70-годишниот актер дошол со сопругата Лаура, која е 39 години помлада. Фотографиите станаа вирални на социјалните мрежи, а обожавателите коментираат дека актерот „изгледа исто речиси 30 години“.

Некои шпекулираат дека тој направил естетски зафати, но Денис никогаш јавно не проговорил за тоа.

Тој се ожени со Лаура пред четири години, а претходно беше во брак со актерката Пи Џеј Солс, Мег Рајан, со која го има 32-годишниот син Џек и агентот за недвижности Кимберли Бафингтон со која има 16-годишни близнаци – Зои и Томас.

Слични содржини