Денис Мантуров вицепремиер на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

На вонредна пленарна седница во петокот, Државната дума на Русија ја усвои одлуката за именување на министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров за потпретседател на Владата на Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно потпиша указ за зголемување на бројот на вицепремиери од 10 на 11. Новиот вицепремиер ќе ги извршува и претходните должности на министерот за индустрија и трговија.

Рускиот премиер Михаил Мишустин достави до Државната дума на Русија предлог за именување на Мантуров за вицепремиер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот на Русија ќе потпише указ за назначување на Мантуров за вицепремиер по итна постапка, доколку Државната Дума го одобри неговото назначување.

Слични содржини