Познатиот актерски пар Дениз Ричардс и Чарли Шин беше во брак од 2002 до 2006 година, кога Дениз реши да поднесе барање за развод во шестиот месец од бременоста.
Дениз и Чарли во бракот ги добија ќерките Сем и Лоли, која се родила кога нејзините родители веќе биле на суд.
Дениз смета дека Шин не е најдобрата машка фигура за нивните ќерки.
„Со години се борев со тоа, се прашував, дали би сакала моите ќерки да се омажат за ваков маж? Без навреда за него, но мислам дека ќе го прифати тоа и ќе разбере што зборувам“, изјави Дениз во една епизода од подкастот „Divorced Not Dead“ од Керолин Стенбери.
Додала и дека вистината за неговата борба со зависноста ја криела од нејзините ќерки.
„Со текот на времето стигнаа до возраст кога одредени луѓе ќе им кажат одредени работи, а јас ги лажев и го прикривав. Сега кога се постари се посвесни. Затоа велам дека не знам дали им направив лоша услуга кога беа помали“, објасни актерката.
По одлуката за развод уследи битка за старателство над децата, која на крајот ја доби Шин. Со таа одлука тој повеќе не бил должен да ѝ плаќа алиментација на поранешната сопруга.
„Мислам дека тоа што се случи е сосема фер. Помина долго време, но правдата конечно го доби лицето на пријател“, изјави Шин претходно за странските медиуми.
Иако е познато дека актерот има бројни пороци, по шокантното видео на неговата ќерка, судот одлучил тој да добие старателство. Имено, постарата ќерка на актерската двојка Сем објави видео на TikTok во кое ги сподели деталите од животот со својата мајка и нејзиниот нов партнер Арон Пајперс. Тогаш рекла дека животот со неа бил „пекол без излез“, како и дека поради стрес имала нарушување на сонот, а потоа паднала во депресија. Сето тоа влијаело на нејзината одлука да ја напушти мајка си и да го продолжи животот со татко ѝ.