Милиони Американци отпатувале на семејни собири на Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа поради постојаното зголемување на бројот на луѓе кои страдаат и умираат од ковид.
Поради игнорирање на апелите на експертите, се стравува од нов бран на инфекции за време на празниците во декември, пренесува „Гласот на Америка“.
Центрите за превенција и контрола на болести и локалните и федералните власти ги повикаа Американците да останат дома и да го слават Денот на благодарноста само со оние со кои живеат, но многумина отпатуваа во другите делови на земјата за да го поминат празникот со своите семејства.
Милион луѓе минаа низ американските аеродроми дневно во изминатите пет дена, што е за 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но најголем број патници од почетокот на пандемијата во март.