Денови на жалост ќе има и во Македонија и во Бугарија

од Берта Китинска
304 прегледи

Во подготовка е решение за прогласување денови на жалост на територијата на Македонија, но и во Бугарија, најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Стефан Јанев по трагедијата со автобусот на „Беса транс“.

„На денешната владина седница ќе бидат донесени соодветни одлуки, како што е прогласувањето денови на жалост. И Бугарија истото тоа го прави со сите неопходни чекори“, рече Заев.

Бугарија и Македонија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа. Ова беше ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, по средбата со премиерот Зоран Заев, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини