Дензел Вашингтон најави повлекување од светот на филмот: „Се помалку ќе бидам пред камера“

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Актерот Дензел Вашингтон ќе глуми во продолжението на филмот „Гладијатор“, во режија на Ридли Скот.

Во едно од неодамнешните интервјуа изјави дека Скот успеал да го убеди да се појави во овој филм бидејќи тој е негова инспирација во неговата работа.

„Ми останаа многу малку филмови кои ме интересираат. Режисерот мора да ме инспирира, а Ридли успеа во тоа“, рекол актерот, пренесува Deadline и додал: „Нашата прва соработка беше одлична и еве сме повторно. Тој е зафатен човек. Тој е возбуден за животот и неговиот следен филм. Тој е инспирација. Сите треба да се стремиме да се чувствуваме така на 86 години“.

Оваа година Вашингтон на Американскиот фестивал на црн филм го навести неговото повлекување од светот на актерството, за да се посвети на работата зад камерите.

„Нештата што ми се случуваат зад камерата сега ми се исто толку важни како и работите што се случуваат пред камерата. Мислам дека ќе поминувам се помалку време пред камера“, изјави тогаш Вашингтон, објавија споменатите медиуми.

Слични содржини