Дензел Вашингтон за исфрлена сцена од „Gladiator II“: Мислам дека беа исплашени

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Дензел Вашингтон го глуми Макринус, богат трговец со оружје и поранешен гладијатор кој планира да ја преземе контролата над Рим во претстојниот епски историски филм на Ридли Скот „Gladiator II“.

Како што пренесува Variety, Вашингтон во неодамнешно видео интервју открил дека бакнал маж во една сцена за време на снимањето на филмот, но таа сцена била исфрлена од последниот рез на филмот. Во сценариото за Gladiator II се споменува дека Макринус претходно бил во врски со мажи, но се чини дека публиката нема да го види тоа на големото платно.

„Всушност бакнав маж во филмот, но тие ја отфрлија таа сцена, мислам дека беа исплашени“, рекол актерот и додал: „Го бакнав право во уста и се чини дека публиката сè уште не е подготвена за тоа. Го убив пет минути подоцна. Тоа е Гладијатор. Тоа е бакнежот на смртта“.

Да потсетиме, Вашингтон пред неколку дена изненади со веста дека наскоро планира да се пензионира, но пред тоа ќе сними уште неколку филмови. По Макринус во Gladiator, тој ќе игра неколку иконски шекспировски ликови и ќе се појави во претстојните филмови во режија на Стив Меквин и Рајан Куглер.

„Не знам уште колку филмови ќе снимам. Веројатно не премногу. Сакам да правам работи што не сум ги правел“, изјави актерот во неодамнешното интервју за Today Washington.

Слични содржини