Депардје се огласи по обвинението за силување

од Nikola Popovski

Францускиот актер Жерар Депардје изјави денес дека е невин и дека нема од што да се плаши, откако беше обвинет за силување и сексуално злоупотреба на помлада колешка.

„Јас сум невин и немам од што да се плашам“, изјавил Депардје за италијанскиот весник „Република“.

Извори блиски до судството неодамна објавија дека на 16-ти декември актерот е обвинет за силување и сексуална злоупотреба на млада актерка во летото 2018 година.

Да потсетиме, актерката која поднесе тужба во август 2018 година, тврди дека Депардје ја силувал двапати во нејзиниот дом во Париз. На случајот првично „не се работеше“ затоа што немаше доволно докази, но потоа повторно беше отворен кога француската актерка, чиј идентитет не е познат, поднесе жалба.

Слични содржини