Депонентите на Еуростандард Банка обесштетени со 3,3 милијарди денари

373 прегледи

Фондот за осигурување на депозити ја информираше јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари што претставува близу 80% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.

Слични содржини