Депонија за „половњаци“: Во која европска земја возат најстари автомобили?

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Грција има најстар возен парк меѓу 28-те земји на Европската унија, Велика Британија и членките на ЕФТА.

Во оваа земја се возат автомобили со просечна старост од 17,3 години.

Зголемен е и европскиот просек во наведените земји и изнесува 12,3 години.

Сепак, голем број земји од овие статистики, дури 21 од нив, бележат просечна старост на автомобилите над 10 години.

Просечната старост на еден автомобил дури и во Германија е точно 10 години. Ако се прашувате која европска земја има најмлада флота, тоа е Луксембург со просек од 7,9 години.

Според горенаведените бројки, Грција во просек ги има најстарите автомобили во цела Европа.

Просечна старост на автомобили по земја/ Години:

Грција – 17,3
Естонија – 16,6
Чешка – 15,9
Латвија – 15.2
Полска – 14,9
Романија – 14,9
Литванија – 14,7
Словачка – 14,7
Унгарија – 14,6
Шпанија – 13,9
Португалија – 13,6
Хрватска – 13,3
Финска – 12,9
Италија – 12,5
Исланд – 12
Холандија – 11,7
Словенија – 11.2
Франција – 10, 8
Норвешка – 10,8
Шведска – 10,7
Велика Британија – 10,3
Германија – 10
Швајцарија – 10
Белгија – 9,8
Ирска – 9,1
Австрија – 8,9
Данска – 8,9
Луксембург – 7,9

Слични содржини