„Дер Стандард“: Изборот на вакцини е геополитичко прашање на Балканот

од Vladimir Zorba
195 прегледи

„Како да сме повторно во Студената војна, пандемијата на Балканот се гледа од почеток како геополитичко прашање“, пишува во својата анализа Аделхајд Валфл за „Дер стандард“ откако зема во предвид со која вакцина и во каква атмосфера се имунизираат граѓаните во Југоисточна Европа.

„Прозападните земји побараа помош од Брисел и одбивајќи снабдување од Кина или Русија, тие сакаа да покажат лојалност. Во моментов се протега идеолошки фронт помеѓу „Фајзер“ и „АстраЗенека“ од една страна и „Спутник V“ и „Синофарм“ од друга страна“.

Валфл понатаму наведува дека Србија и „претежно прорускиот дел на Босна – Република Српска“ истовремено примаат вакцини од обете страни, како и се занимаваат со политичка пропаганда од Москва и Пекинг. „Дер Стандард“ забележува дека Ивица Дачиќ бил јавно вакциниран со Спутник V и дека тој изјавил: „Како што цврсто верувам дека Земјата е кружна, така верувам дека оваа вакцина е добра и дека сите треба да ја примат. Сакав да примам руска вакцина, бидејќи верувам во руска медицина“.

На друго место на Балканот, работите се гледаат поинаку, забележува Валфл, наведувајќи го како пример албанскиот премиер Еди Рама, кој рече дека нема предрасуди за руските и кинеските вакцини.

„Но, нашето решение е да бараме вакцини од западната, а не од источната страна“, истакна тој.

Тука се случува дефектот, забележува Валфл, во моментот кога Австрија посочи дека би сакала да посегне по Спутник В. Се зборуваше и за намерата да се произведува оваа вакцина во фармацевтски погони во Австрија, а во југозападна Европа тоа се доживуваа, како што се доживуваат вакцините цело време – геополитички.

„Медиумите во Хрватска посочуваат дека Виена отстапува од заедничката стратегија за вакцинација на ниво на ЕУ“, пишува Дер Стандард: „Хрватската агенција за лекови истакна дека Унгарија е првата членка на ЕУ што се откажа од заедничката стратегија и се вакцинираше со Спутник V, издавајќи само итно одобрување“. (Халмед) истакна дека во принцип пропишаните процедури не можат да се прескокнат и дека инаку се потребни потемелни анализи на поголема количина на податоци“.

Понатаму се цитира хрватската агенција која вели дека одобрување вакцина во Хрватска, како и во другите земји-членки на ЕУ, бара одобрување од централната агенција на ЕУ, односно ЕМА.

Состојбата во Босна и Херцеговина според „Дер Стандард“ е особено тешка. Делот од БиХ што се однесува на Федерацијата беше принуден, откако сметаше на вакцините од Запад и не нарачуваше Спутник V, на крајот да земе било што, од каде било, бидејќи епидемиолошката состојба стана крајно сериозна.

„Дер Стандард“ го илустрира расположението во БиХ со коментарите на медиумите таму, по повод намерата на Австрија да го нарача Спутник V, дека ЕМА „се водела од здравје, а не од геополитички аргументи“ при одобрување на вакцината. Одлуката на Австрија остави свој белег и во Србија, па „Дер Стандард“ го цитира локалното издание „Курир“, кое цинично праша: „А што ќе каже Брисел за тоа?“

Ова не е крај на приказната за здравјето на вакцините или геополитичките спорови. Во Бугарија досега се вакцинирани само седум проценти од населението со најмалку една доза, па затоа е поздравена понудата на ЕУ за дополнителни 1,2 милиони дози. Владата во Софија, сепак, беше критикувана бидејќи не ги разгледа сите опции за набавка на вакцини од самиот почеток.

Владата, од друга страна, е помеѓу чекан и наковална; од една страна чека дозвола на ЕМА за Спутник V, а од друга страна опозицијата, за која се вели дека е „проруска“, бара веднаш да започне купувањето на руска вакцина.

Во краток преглед на преостанатите земји, се наведува дека тие во голема мера се откажале од цврстиот пристап да ја чекаат програмата на СЗО, „Ковакс“ и да чекаат помош од Брисел, односно дека вакцина од Русија се користи и во Северна Македонија и Црна Гора. Во Романија, од друга страна, вакцините од Русија и Кина апсолутно не се разгледуваат, од политички и историски причини.

„Премиерот Флорин Циту експлицитно го отфрли ова“, рече Валфл.

Слични содржини