Дерала: Еуро Вучиќ – Хардкор Вучиќ, 1:0

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Вучиќ уште еднаш покажа дека одлично ја познава меѓународната и балканската политичка реалност. И уште повеќе, ја покажа својата извонредна способност да се прилагоди на таа реалност. Во долгото видео обраќање, навидум неволно, со познатите обвиненија на сметка на Западот, српскиот претседател кажа дека, сепак, е спремен да го исполни германско-францускиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Образложението му беше реалистично – ако не го прифати планот, Србија ќе биде изолирана и сиромашна (како македонската држава во време на Груевски). А патот е цврсто трасиран – членство во ЕУ, тоа недвосмислено го кажа српскиот властодржец.

Притоа, Вучиќ рече и дека „нам ни е потребен мир со Албанците и одговорен пристап“. Европски. Просечен балкански националист (српски, албански, македонски или некој друг) сигурно има проблем да го препознае Вучиќ во овој и низа други ставови што ги кажа по состанокот со претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија.

Добро пакување

Вучиќ, како и во претходните десетина години откако е на власт во Србија, добро знае да ги спакува и продаде своите одлуки на различни публики (и гласачи). Се разбира, кога велам добро, ги подразбирам балканските стандарди за политичар. (Тоа е лик кој мисли дека јавноста има дури и пократко паметење отколку што навистина има. И најчесто е во право).

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк!

Слични содржини