Дерала: Тоа требаше да биде неколкудневна „прошетка“ по која цела Украина требаше да падне под руска чизма, но Украина стои

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Пред точно една година, во 3.59 часот наутро, 60 километарска колона од тенкови и воена механизација ја премина границата на независна, суверена и демократска Украина, а Путин поведе апсурдна, разурнувачка, крвава и садистичка војна против суверена и демократска европска држава, рече претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната конфеенција „УКРАИНА – ГОДИНА НА ХЕРОИЗМОТ“.

-Путин својата војна ја нарече специјална воена операција за денацификација и ослободување на Украина и заштита на Русите од геноцид. Но со својот ракетен терор уништи и сѐ уште уништува цивилни домови и инфраструктура, срамни со земјата цели градови, а неговата садистичка солдатеска ограбува, измачкува, силува и убива мажи, жени, деца и возрасни луѓе. Меѓу нив има и Руси, додаде тој.

Како што посочи Дерала, последиците се илјадници изгубени животи, милиони бегалци и раселени лица, страдање и смрт на секоја педа од украинската почва, светска економска, енергетска и безбедносна криза.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини