Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар најостро ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Општина Центар најостро ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.

„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици.

Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста.

За Општина Центар, врвен приоритет, како и досега, така и во иднина се интересите на сите наши граѓани, нивните миленици и незгрижените животни“, велат оттаму.