Дерковски: Дел од приговорите на Левица беа со ист текст, копи-пејст од три реченици, поднесени за избирачко место нула

од Nikola Popovski
275 прегледи

„Немаа воопшто докази, веројатно подносителите си имаат свои причини зошто ги поднеле на тој начин. Да поднесете приговор во кој што ќе напишете три реченици и во кој што ќе објасните некоја ситуација за повреда на избирачко право или повреда на постапка за сумирање на резултати, без било каков конкретен доказ, тоа нема да се случи“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски за емисијата „Топ тема“.

Според него, 1478-те приговори на партијата Левица биле отфрлени затоа што немало потпис.

„Не е битен печатот, треба само потпис како подносител на приговорите. Согласно изборниот законик тие беа неуредни и отфрлени. Другите 504 приговори беа со ист текст, направен копи-пејст од три реченици. Околу 20-тина пак беа приговор за избирачко место нула. И како после очекуваат ДИК да разгледува таков тип на приговори“, смета Дерковски.

Тој напомена дека Левица може да си прави филибастеринг во Собрание, кога ќе бидат пратеници.