Десерт кој се топи во уста: Тирамису со печени јаболки

456 прегледи

Состојки:

400 гр пишкоти

За потопување на пишкотите:
500 мл кафе
100 мл рум
1 кесичка цимет

За печените јаболки:
5 јаболка
2-3 лажички шеќер
2-3 лажички цимет
сок од половина лимон

За кремот:
500 гр маскарпоне
6 свежи јајца
3 лажички шеќер
малку ванила

Подготовка:

Испечете ги јаболката, излупете ги, извадете им ја средината со коските и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во сад за печење, посипете ги со шеќер и цимет и додајте го цедениот сок од пола лимон.
Ставете ги во предходно загреана рерна на 180 степени и печете околу 60 минути.

На пола од печењето промешајте и вратете во рерната. Кога ќе се готови, извадете ги и оставете да се изладат. Потоа со вилушка втиснете ги, но оставете ги во парчиња, односно немојте да ги претворите во пире.

Сварете силно црно кафе, добро изладете го и истурете го во поголема чинија. Додајте цимет и рум, па добро измешајте.

Направете ја кремата, така што прво ќе издвоите белките од жолчките. На белките додајте им малку сол, па изматете ги во црвста смеса. На жолчките додајте им шеќер и ванила па добро изматете ги со миксер.

Додајте го маскрпонето и продолжите да матите уште неколку минути. Потоа додајте фи печените јаболки и измешајте. Соединете ги смесите од белката со жолчката и сирењето, па измешајте.

Пишкотите потопете ги во кафе па направете го првиот ред, нанесете половина од кремот, рамномерно распоредете ја по пишкотите, па преку кремот нанесете го вториот ред пишкоти кои исто така се потопени во кафе.

Премачкајте го остатокот од кремот и посипете со горко какао.

Добро изладете го (најдобро преку ноќ), исечете го на коцки и послужете.

Слични содржини