211
Состојки:
– 4 жолчки
– 250 мл млеко
– 80 гр шеќер
– малку коњак
– 1 мешунка од ванила
– 1 кесичка желатин
– 200 мл слатка павлака
– печени бадеми за декорација
Подготовка:
Со рака добро изматете ги жолчките, шеќерот и коњакот за да добиете густ крем.
Посебно сварете го млекото со мешунката од ванила, па полека додајте го во жолчките и шеќерот додека е жешко со непрекинато мешање.
Добиениот крем истурете го во садот во кој се вареше млекото, а потоа продолжете да готвите со постојано мешање.
Тргнете го жешкиот крем од шпоретот и измешајте го стопениот желатин. Изладете го кремот.
Изматете ја слатката павлака и измешајте ја во изладениот крем, па истурете ја во чаши и ставете ја во фрижидер најмалку два часа.
Пред сервирање украсете со печени бадеми.