Десерти богати со протеини кои се одобрени од нутриционисти

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Протеините се важни за градење мускули и за одржување на целокупното здравје, а верувале или не, десертите исто така можат да бидат богати со протеини.

„Нема ништо лошо во тоа да јадете порција од вашиот омилен десерт“, вели д-р Витни Линсенмаер, портпарол на Академијата за исхрана и диететика.

Еве неколку вкусни начини за внес на повеќе протеини во текот на денот одобрени од диететичарите:

Чизкејк
Чизкејкот содржи околу седум грама протеини по порција.

Сладолед
Една порција млеко, слатка павлака и сладолед од жолчка од јајце може да содржи помеѓу четири и шест грама протеини.

Пудинг од чиа семе
Пудинг од чиа семе може да се јаде за појадок или десерт. Заедно со протеините, содржи голема количина на влакна корисни за цревата.

Панакота
Богата, кремаста панакота, направена со млеко и желатин, е изненадувачки богата со протеини.

Доколку сакате да го збогатите секој десерт со протеини, при печењето можете да го замените обичното брашно со бадемово или ржано брашно. Наместо шлаг, користете грчки јогурт. Додадете ореви или путер на колачиња или бисквити.

„Кога копнеете за слатки, задоволете ја таа желба, а потоа во остатокот од денот јадете многу свежа храна и имајте добро избалансиран оброк“, вели доктор Линсенмајер.

Слични содржини