Десет професори добија надомест на средства на име на објавување на научни трудови

327 прегледи

Надомест на средства на име на објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година, ќе добијат десет професори од универзитетите во Скопје, Битола и Штип.

Ова решение го донесе Министерството за образование и наука по предлог на тричлена комисија, која ги разгледа барањата од автори пријавени на Јавниот повик и согласно со Финансискиот план на МОН за 2020 година и Правилникот за остварување на прaвото на еднократна награда за објавување научен труд за надомест на средства за објавување на трудови.

По разгледувањето на документацијата, комисијата констатирала дека во периодот од 19 март 2019 заклучно со 27 октомври 2020 година се поднесени 15 барања од субјекти кои вршат научно-истражувачка дејност и дека 10 пријавени субјекти/автори целосно ги исполнуваат условите и критериумите од повикот.

Слични содржини