Прочитајте уште еднаш, свртете се околу себе, па ако не препознаете ништо од ова како дел од одделната или колективна наша реалност, заборавете. Блазе си ви; на многумина овие совети им се познати, но денес се чини дека се исплати да се повторат и за малцинството што пропуштило да ги согледа.
Кога премиерот на Израел Бенјамин Нетанијаху од трибината на Светскиот ционистички конгрес во Ерусалим го обвини поранешниот ерусалемски муфтија Хај Амин ал-Хусаин за Холокаустот, наведувајќи дека во време на неговата посета на Берлин во 1941 година, Хитлер имал намера „само‟ да ги протера Евреите од Европа, а дека идејата за „елиминација‟ потоа дошла од муфтијата, реакциите од Израел и од другите страни во светот главно беа жестоки. Често и згрозувачки.
Во различни нијанси, од тоа дека Нетанјаху со ова целосно ја тера водата на воденицата на оние кои го негираат Холокаустот, а Хитлер се ослободува од одговорноста за убиството на шест милиони Евреи, преку оценката дека со ова се потпира финална крвна пресметка со Палестинците, до тие аналитичко-рационалните набљудувачи кои неверојатната „епизода‟ од животите на де факто крвавиот противник вистинското праведно решение за Палестина и Израел ја сведуваат на „тактика и манипулација‟ во контекст на најновите настани на тие простори.
Во Израел реагираа многумина, од истакнати ционисти и лидери на опозицијата како Исак Херцог, лабуристите и поранешниот претседател на Унијата на студентим Ицак Шмул, па до Дине Порат професорка на Универзитетот во Тел Авив и главна историчарка на Музејот на Холокаустот Јад Вашем.
Прашањата во врска со ова им се поставени и на Германците. Барак Равид, дипломатски коментатор на „Хаарец‟, го прашал пред Ангела Меркел во Берлин, како се чувствува поради фактот што еве Холокаустот се употребува како „политички фудбал…‟.
Познато е денес дека официјалниот одговор од германска страна беше повеќе од прецизен и поразителен за Нетанјаху: „Ние не гледаме ниту една причина да ја менуваме историјата. Ние како Германците се повинуваме на нашата одговорност за Холокаустот…‟.
Покрај ова во јавноста следеа и многу прецизни повикувања на историските факти, меѓу кои и таа дека Хитлер ја објави и книгата „Mein Kampf‟ и во Берлин, во Рајхстагот дефинираше „конечно решение‟ за Евреите уште во 1939 година, значи многу пред воопшто да се сретне за прв пат со ал-Хусеин.
Слободно кажано, пет дена по целиот случај, вклучувајќи го тука и „толкувањето‟ на Нетанјаху на сопствената изјава според која тој останува апсолутно при генералната теза, дека ете, Палестинците се виновни за Холокаустот, преовладуваат два вида на заклучоци.
Првиот можен, но не толку доминантен е дека Нетанјаху сето тоа го рекол надвор од секоја самоконтрола во безмалку суицидална омраза кон Палестинците, а другиот е дека се работи за една од неговите вообичаено големи манипулации, секако со задни намери. За тој првиот не верувам премногу до крај.
Другата варијанта гледана дури и надвор од наведената сторија која со причина потресе дел од светската јавност, секако извесно конектирана со политичкиот момент во Израел и најавите за незамисливите радикални потези од страна на „Биби‟ и тимот околу него, како идеите платото на Ал Акса, свето место за муслиманите во Ерусалим да го затвори за нив, очигледно се темелат на типологијата на феноменот на манипулацијата широко и универзално применувана во светската политика.
Во тој контекст станува навистина ученички значајно дефинирањето на десет стратегии на манипулации кои ги понуди Ноам Чомски, легендарен мислител на левицата во светот, филозоф и лингвист. Кога ќе се прочитаат денес овие „десет стратегии‟ само политички неуките или формално образованите и целосно нереалните нема да најдат барем пет наведени „точки‟ кои ќе го разјаснат и „случајот на Нетанјаху‟, но уште повеќе и случаи со кои се занимаваме на нашите простори, кои ни ја одредуваат животната и политичката беда, не еутаназираат како социјални и политички битија, се сведува на обесправување, понижување до предмет на манипулирање па и елиминација. На приватен или поширок општествен план. Сеедно.
Значи, кои се „заповедите‟ на манипулација на луѓето на подалечни и поблиски во светот, како и на нашите простори. Вреди да се прочитаат. И да се размисли за нив од сосема актуелна перспектива. На многумина овие „упатства‟ извесно се познати но денес се чини дека се исплати макар да се повторат и поради малцинството што пропуштило да ги согледа.
Пренасочување на вниманието: Вниманието на јавноста да се пренасочи од важни проблеми на неважни. Да се оптовари јавноста со поплава на неважни информации, за луѓето да не размислуваат и да стекнат основни знаења за разбирање на светот.
Создавање на проблеми: Се нарекува и „проблем-реакции-решение!‟ Да се создаде проблем за дел од јавноста да реагира на него. На пример, да се предизвика и да се пренесе насилство со намера јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата, економската криза или да се оправда рушењето на социјалната држава.
Постапност на промените: За јавноста да се согласи на некоја неприфатлива промена, да се воведува постапно, „на лажиче‟ со месеци и години. Промените кои би можеле да предизвикаат отпор, ако би биле изведени нагло и во кус рок, ќе бидат спроведени со политика на мали чекори.
Светот така со време се менува, а притоа тоа не ја буди свеста за промените.
Одложување: Уште еден начин за подготовка на јавноста на непопуларни промени. Да се најавуваат многу порано, однапред. Луѓето така не ја чувствуваат одеднаш цела тежина на промените бидејќи се привикнуваат на самата идеја за промени. И „заедничката надеж во подобра иднина‟ го олеснува нивното прифаќање.
Употреба на детски јазик: Кога на возрасните им се обраќаме како кога се зборува на деца, се постигнуваат два ефекта: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има посилно дејство на луѓето.
Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и при рекламирање!
Будење на емоции: Злоупотребата на емоции е класична техника во предизвикување на „краток спој‟, при разумно проценување. Критичката свест ја заменуваат емотивните импулси (гнев, страв). Употребата на емотивен регистер овозможува пристап на несвесното, па подоцна можно е на тоа ниво да се спроведат идеи, желби, грижи, страв или принуда, или пак одредено целно однесување.
Незнаење: На сиромашните слоеви да се оневозможи пристап на механизми за разбирање на манипулациите на нивно согласување. Квалитетот на образованието на пониските општествени слоеви треба да биде што послаб, или под просекот, а бездната меѓу образованието на повисоките и пониските да остане непремостлива.
Величење на глупостите: Јавноста треба да се поттикнува да прифаќа просечност. Потребно е да се убедат луѓето дека е во мода или пожелно да се биде глупав, вулгарен и неук. Истовремено треба да предизвика отпор кон културата и науката.
Создавање на чувство на вина: Да се убеди секој поединец дека само тој и исклучиво тој е одговорен за сопствената несреќа бидејќи нема знаење, има ограничена способност или недоволно труд. Така несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувство на вина, ќе се откаже од барање на вистинските причини за своето однесување и побуна против системот.
Злоупотреба на знаењето: Брзиот развој на науката во последните 50 години создава растечка бездна меѓу знаењето кај јавноста и тие кои го поседуваат и го користат, владејачките „елити‟. „Системот‟ по заслуга на науката, биологијата, невробиологијата и практичната психологија има пристап до напредното знаење за човекот и на физички и на психички план…
По читањето на сето ова, можеби треба на малку поинаков начин да ја гледаме реалноста околу себе, политиката, медиумите, да се посветат повнимателно на читање и толкување на разни сервирани „вистини‟ наоколу, па и прашањата од каде сето ова во светот, во Европа, на Блискиот исток, со „одеднаш‟ бегалци меѓу нас, со многу „програми‟ пред изборите, со работи кои одеднаш ни се нејасни, а сме мислеле дека доволно знаеме за нив. Со секакви потези што се „надвор од паметот‟, а можеби баш и не се, туку напротив тие се мудро одмерени и целени. А тој Нетанјаху тука е само попатно, само беше повод за промислување за кое имаше причина и пред и ќе ја има и по него.
Не мислите така? Ви личи на теорија на заговор? И тоа е можно. Прочитајте уште еднаш, свртете се околу себе, па ако не препознаете ништо од ова како дел од поединечна или колективна, наша реалност, заборавете. Блазе си ви.
Нови Лист – Ријека