Центарот за управување со кризи, ЦУК, ја организираше и ја одржа десетата седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) преку видеконференциска интернет врска. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Притоа, покрај главната тема за превземените мерки и aктивности за справување со кризната состојба од заразната болест КОВИД-19 што прогласена на целата територија на Република Северна Македонија, беше разгледана и актуалната ситуација со зголемените врнежи од дожд во земјава од коишто моментно нема опасност од поголеми поплави во државата.
Потоа, беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација. Исто така, беше нагласен на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на упатствата и забраните со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, што како што нагласи Ангелов, е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации што се и значаен ресурс на општеството.