Десетгодишниот син на Бен Афлек удри со Lamborghini во BMW! Џеј Ло беше во автомобилот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Постои причина зошто децата не треба да седат зад воланот, но некои родители изгледа не се свесни за тоа. Очигледно, еден од нив е познатиот холивудски актер Бен Афлек, кој неодамна му го препуштил седиштето предвидено за возачот на својот десетгодишен син, но неколку секунди подоцна сфатил колку голема грешка направил.

Имено, Бен Афлек и Џенифер Лопез отишле на опуштена обиколка на автомобили во луксузен салон, па решиле да земат жолто Lamborghini на тест возење. Сето тоа ќе беше во ред доколку славниот актер не му го препуштеше воланот на синот Самуел (10), додека неговата вереница беше на задното седиште, зад момчето.

Од невнимание на неговиот татко, моторот останал да работи, момчето тргнало во рикверц, а жолто Ламборџини удрило во бело БМВ паркирано зад него. Момчето во тој момент се исплашило, па сите излегле од возилото, а Афлек отишол да види дали има голема штета.

Во близина биле и претставници од салонот за автомобили, па отишле да видат што се случило. Се испостави дека нема поголема материјална штета и дека сите поминале неповредени по ударот.

Малиот Семјуел малку се исплашил, а на сликите може да се види како татко му го гушка и теши, но и како Џеј Ло веднаш го фаќа за рака и му кажува нешто.

Инаку, ова не е првпат познатиот актер да го стави својот син зад волан, бидејќи истото го направи и во 2016 година, кога малото момче имаше само 4 години. Во тоа време, сепак, момчето седело во скутот на својот татко, што не се препорачува со толку мало дете.

Претставникот за медиуми на Афлек изјавил дека не е причинета штета и дека сите се добро по помалиот инцидент, пишува порталот „Дејли Меил“. Разбирање за целата ситуација имале и вработените во автосалонот.

Слични содржини