Десетгодишно момче од Флорида се заканувало дека ќе пука во училиште, завршил во лисици

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Десетгодишно момче од Флорида е уапсено во саботата, откако наводно испратило порака во која се заканило дека ќе отвори оган во неговото училиште.

Апсењето на 10-годишниот Даниел Исак Маркез дојде само пет дена откако беа убиени 19 деца и две учителки во основното училиште Роб во Јувалди, Тексас. Масакрот го изврши Салвадор Рамос (18), кој на крајот бил убиен од полицијата.

Според Канцеларијата на шерифот на округот Ли, Маркез е петтоодделенец во основното училиште „Патриот“ во Кејп Корал, Флорида.

По сослушувањето, Маркез бил обвинет за писмена закана дека ќе изврши масовно пукање, пренесува „Дејли Мејл“.

– Однесувањето на ученикот е болно, особено по неодамнешната трагедија во Тексас. Најважно е нашите деца да се безбедни. Ќе имаме ред и закон во нашите училишта! Мојот тим не се двоумеше ни секунда… НИТУ СЕКУНДА да ја истражи оваа закана – изјави шерифот Кармин Марсено.

На фотографиите се гледа момчето со лисици на рацете, додека полицаец го води до службениот автомобил.

По масакрот во основно училиште во Тексас, шерифот на округот Ли се појави на видеото опкружен со вооружени полицајци, уверувајќи ги членовите на заедницата дека нивните деца се безбедни во училиштата.

Слични содржини