Десетици Палестинци убиени и ранети во нови напади на израелската армија

од Radmila Tasevska
207 прегледи

Десетици Палестинци се убиени и ранети во нападите на што израелската армија ги изврши во текот на ноќта врз Појасот Газа, јави палестинската агенција Вафа.

Како што е наведено, 23 лица загинале во израелско гранатирање на куќа западно од кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, додека 14 лица загинале во гранатирање на друга куќа.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на Хамас, вчера соопшти дека бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа од 7 октомври минатата година е зголемен на 26.422, а повредени се 65.087 лица.

Слични содржини