Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја разбие толпата на демонстранти кои протестираат на улиците во Брисел против анти-ковид мерките.
Судирот се случил на главната раскрсница, пред седиштето на Европската комисија, кога демонстрантите облечени во црни качулки почнале да фрлаат камења кон полицајците кои се појавиле со водени топови, јавува Ројтерс.
Демонстрантите застанаа пред полицијата и држејќи се за раце извикуваа: „Слобода“.
На еден од транспарентите пишуваше „Кога тиранијата станува закон, бунтот станува должност“.
Како што објави бриселскиот весник „Соар“, демонстрантите користеле и димни бомби и огномет.
Според полицијата, ситуацијата подоцна се смирила.
Полицијата проценува дека на собирот имало околу 35.000 луѓе, а многумина протестирале и против советите да се вакцинираат и можното воведување задолжителна вакцинација, пренесе АП.
Police used tear gas and water cannons to dispersed thousands of protesters demonstrating in Brussels, Belgium Sunday against re-implemented COVID-19 restrictions due to a spike in cases. pic.twitter.com/vrshDHY7m6
— CBS News (@CBSNews) November 21, 2021