Неколку десетици луѓе загинаа во нападот на воената касарна во Николаев, на југот на Украина, изјавија очевидци за агенцијата Франс прес, додавајќи дека спасувачките операции во тој дел од земјата продолжуваат.
„Околу 200 војници спиеја во касарната“, изјави неименуван војник за францускиот печат на лице место, додавајќи дека од под урнатините се извадени 50 тела, но не се знае колку се уште се таму.
Друг неименуван војник процени дека може да има околу 100 мртви.
Таа локација во петокот беше погодена од шест ракети.