Десетте правила на Ибрахимовиќ по кои се води во животот

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Златан Ибрахимовиќ е познат како човек кој самоуверено чекори низ животот и е сигурен дека е најдобар. Иако некои ќе кажат дека е премногу егоцентричен, фудбалерот веројатно ќе се согласи, бидејќи, вели, многу работи на себе и знае дека е најдобар, пишува Слободна Далмација.

Ова се неговите 10 заповеди за успешен живот:

1. Насмевнете се

„Насмевнете се затоа што вашата насмевка ги прави другите среќни додека вие самите изгледате среќни. Но, таа насмевка мора да биде вистинска насмевка“.

2. Уживајте во животот

„Уживајте во животот, бидејќи животот може да биде краток, може да биде долг, но бидете сигурни дека секогаш уживате во него, бидејќи е убаво да се живее“.

3. Не бидете премногу сериозни

„Не биди премногу сериозен, бидејќи ако секогаш си сериозен, луѓето можат да размислуваат поинаку за тебе. Затоа, шегувај се, смеј се, давај им на луѓето позитивна енергија…”

4. Вежбајте

Вежбајте, вежбајте, вежбајте… Затоа што без вежбање не можете да станете она што го сакате – што и да посакате. Затоа вежбајте, како мене… Вежбањето ве прави совршени.

5. Работите напорно

“Работете напорно, бидејќи кога работите – животот ќе ви врати сè. Што и да сакате да бидете, работете напорно. Затоа што не треба да биде лесно, не ми се допаѓа лесниот начин, ми се допаѓа потешкиот начин.”

6. Најдете го тој ваш поглед што ќе го примените на луѓето кога сакате да ги заведете, но и да ги исплашите

„Имам свој поглед кој го применувам, погрижете се и вие да го добиете. Потоа, кога ќе ви треба, можете со него да исплашите кого сакате.

7. Бидете брилијантни

„Бидете брилијантни. Правете сè што правите без промашување. Не задоволувајте се со просечност, бидејќи можете да бидете одлични.

8. Заштитете го вашето семејство

„Грижете се за вашето семејство, бидејќи што и да се случи, вашето семејство ќе биде таму. Затоа, грижете се за вашето семејство, дајте им го она што им треба. Што и да каже некој друг не е важно, но она што го кажува вашето семејство е многу важно“.

9. Имајте почит и заслужете почит

„Имај почит и добивај почит. Така ме научи животот. Кога го запознав Фабио Капело, тој ми рече: „Не бараш почит. Ти добиваш почит.“ Затоа погрижете се да ја добиете“.

10. Бидете самоуверени

„Бидете самоуверени. Што и да правите, треба да верувате во себе и да верувате во она што го правите, инаку се ќе биде многу тешко“, пишува Слободна Далмација.

Слични содржини