Кога станува збор за евроинтеграциските процеси, особено важно е исполнувањето на приоритетите кои се зададени на патот за ЕУ, а за кои нема отстапување. Од извештаите од Европската Комисија, јасно се посочуваат патоказите за владеење на правото, принципот на одговорност, односно се посочуваат одредени настани од минатото, кои треба да поминат низ судските филтри посочи министерката за правда, Рената Дескоска, на гостувањето на 1тв
„Идејата што ја промовираше премиерот во Собранието за помирување, тој неколку пати објасни јавно дека помирувањето не смее да значи аменстија, не смее да значи неодговорност за одредени постапки кои што се случени“, рече министерката во однос прашањето за аместија кое е актуелна тема деновиве и додаде; „Нема простор за зборуваме за некаква амнестија за тие акти на насилство кои се случија во Собранието на 27 април“, вели Десковска за 1тв.