Десничар во Шведска сакал да го запали Куранот, повторно жестоки немири

од Nikola Popovski
271 прегледи

Повеќе од 40 лица се уапсени по насилните судири во Шведска меѓу полицијата и демонстрантите против екстремно десничарска партија. Насилството избувна поради најавата на данско-шведскиот политичар Расмус Палудан дека ќе го запали Куранот во градот Норкопинг.

Полицијата синоќа соопшти дека во насилствата се повредени 26 полицајци и 14 граѓани и дека повеќе од 20 возила се оштетени или уништени. Од таму додале дека околу 200 луѓе биле вклучени во насилството, додавајќи дека веруваат дека тоа било организирано од „мрежи на криминални групи“. Некои од лицата веќе и се познати на полицијата и на шведската безбедносна служба Сапо.

Десничарот никогаш не се појави

Насилството дојде откако Расмус Палудан рече дека планира да одржи собир. Сепак, тој никогаш не се појавил во градот.

Во изјавата на неговата екстремно десничарска, антиимигрантска партија, Страм Курс (Тврда линија), Палудан рекол дека го откажал собирот затоа што шведските власти „покажале дека се целосно неспособни да се заштитат себеси и него“.

Протестите против плановите на Страм Курс да го запали Куранот беа насилни и претходно во Шведска. Демонстрантите запалија автомобили во 2020 година, а фасадите на продавници беа оштетени во судирите во Малме.

Во 2020 година, Палудан беше затворен во Данска на еден месец за бројни злосторства, вклучително и расизам. Тој планира да се кандидира на шведските избори во септември, но наводно се уште го нема потребниот број потписи за да ја обезбеди својата кандидатура.

 

Слични содржини