Деспотовски: Од 1. ноември покачување на платите за 10 проценти за вработените во ОДВ ЕЛЕКТРИК

од Nikola Popovski
255 прегледи

Актуелниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски информира дека од 1-ви ноември следи покачување на платите за 10 проценти за вработените во ОДВ ЕЛЕКТРИК.

Според Деспотовски, водечкиот тим на компанијата истакнува дека покачувањето треба да придонесе за намалување на ефектите од зголемувањето на цените на основните прехрамбени производи.

-За 8 години постоење, бројот на вработени во ОДВ ЕЛЕКТРИК достигна 850, а подолго време компанијата има отворен конкурс за вработување на сите профили, особено инженерски кадар.

Компанијата останува фокусирана на лојалната работна сила којашто долго време е во фирмата, преку политика на унапредување и градење на раководниот тим со помош на сопствени кадри, истакна првиот човек на ТИРЗ.

Слични содржини