Деспотовски: Субвенции за технолошко-развојни компании нема, ќе инвестираме во продуктивноста на луѓето

284 прегледи

На денешната прес конференција, директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски на новинарско прашање, одоговори на кој начин ќе биде субвенционирана работата на технолошко-развојните компании.

„Износот на државна помош за компаниите е позната на јавноста. Исто така, објавивме имиња и износ за компании кои добија помош. Не сум задоволен од платите, бидејќи како земја се обидуваме 20 години да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст. Така што, не планираме субвенции за ваквите компании. А ние ќе инвестираме во вештини и програми кои ќе ја зголемат продуктивноста на луѓето во самите компании. “

Слични содржини