Во последните неколку дена, главните хероини од серијата „Сексот и градот“ повторно шетаат по улиците на Њу Јорк.
Иако новото продолжение сè уште се снима, деталите за заплетот се веќе познати, со оглед на тоа што сценариото протече во јавноста, а врз основа на тоа, откриено е каква е врската помеѓу главниот лик, Кери Бредшо, и нејзината голема љубов Биг.
Според американскиот „Page Six“, оваа славна двојка од малите екрани, која се венча во првото филмско продолжение на серијата, во новото продолжение живее одвоено и е среде болен развод.
Кери, која, како и нејзините долгогодишни пријателки, денес има педесетина години, во меѓувреме стана водителка на подкаст, и се бори со Биг во бракоразводна парница за поделба на имотот.
Во една сцена, Кери вечера со пријателите, Стенфорд, Миранда и Шарлот и им вели дека не се чувствува добро.