Детали од судењето на Џони Деп и Амбер Херд: „Имаше поротници што дремеа, беше тешко“

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Џуди Белинџер, судски службеник на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, рече дека некои поротници се мачеле да останат будни во текот на шестнеделното судење.

– Имаше некои поротници што дремеа. Беше тешко. Имаше многу сведоштва преку видео снимки, седеа на своите места и наеднаш гледав како им паѓа главата – ги пренесува магазинот „Пипл“ зборовите на судскиот службеник.

Таа додаде дека поротникот кој посветил најмногу внимание на судењето на крајот немал право на глас.

– За жал, таа беше замена и не учествуваше во одлуката, но веројатно најмногу слушаше. Го забележав нејзиниот израз на лицето, таа беше фокусирана на секој збор. Мислам дека би била одлична поротничка, но на крајот не гласаше“.

Белинџер, инаку, се најде во центарот на мини-скандал откако беше објавено видео на кое таа се гушка со Џони Деп. Фановите на Деп го дочекаа видеото со одобрување, додека фановите на Амбер Херд ја видоа пристрасноста на судот во него.

Белинџер подоцна појасни дека не е вработена во судот, туку во приватна фирма која судот ја ангажирал да води записник.

– По завршните зборови решив да ја напуштам судницата да дишам малку воздух – раскажува рекордерката, додавајќи дека доцнела во судницата, која во меѓувреме се затворила.

Адвокатите на Деп, тврди Белинџер, ѝ ги однеле работите од судницата, а кога ѝ ги вратиле, со нив бил и Џони Деп, кој ја прегрнал и ја пофалил за нејзината работа.

Слични содржини