Детали за посетата на наводно ранетите војници: Немале никакви очигледни повреди (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ги посети војниците ранети во војната во Украина, а на еден од нив му рекол дека сигурно ќе се врати на бојното поле штом закрепне, пишува британски „Телеграф“.

Путин се распрашувал за повредите на војниците и нивните семејства, но не се споменува војната. Според „Телеграф“, тоа била внимателно организирана посета, а во болницата имало многу телохранители облечени во бели мантили.

Еден функционер му рекол на Путин дека еден од ранетите војници сака да се врати во борбата, Путин се свртел кон војникот и го прашал дали тоа е вистина и дали навистина сака да продолжи да служи во руските сили. Кога војникот рекол дека сака, Путин одговорил: „Дефинитивно ќе се вратиш“.

Според „Телеграф“, повредените делувале многу напнато за време на посетата на рускиот претседател. Тие стоеле внимателно покрај креветите, но не беа забележани очигледни повреди за војниците кои доаѓаа од воената зона. Тие наводно се опоравуваат од рани нанесени од шрапнели и куршуми.

Путин не ги прашал за нивните искуства на бојното поле, ниту коментирал за тековните непријателства. Тој вчера на владина седница ги пофали руските војници, велејќи дека „овие луѓе ги ризикувале своите животи и здравје за доброто на народот и децата на Донбас и поради Русија“.

Инаку, Путин ги посети ранетите војници во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Слични содржини