Детали за пукањето во Мериленд: Напаѓачот припадник на американската армија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
462 прегледи

Убиен е американскиот маринец кој отвори оган во воената база во Мериленд и рани две лица, соопштија денеска армијата и локалната полиција.

Во соопштението на морнарицата се наведува дека напаѓачот бил убиен за време на пукањето во базата Форт Детрик во американската сојузна држава Мериленд, пренесува „Ројтерс“.

Неименуван полициски извор изјави за ABC News дека во моментов не е познато во каква состојба се ранетите.

Претходно денес беше објавено дека две лица се повредени во пукање во градот Фредерик, во американската држава Мериленд.

Слични содржини