Утрово во Нови Загреб се случи пукање, а според хрватскиот портал Индекс, повреден е граѓанин на Босна и Херцеговина.
Според објавувањето на овој портал, повредениот во пукањето е Денис Мустафчиќ.
Напаѓачот, кој беше уапсен, е Леон Лучиќ, поранешен полицаец и актер познат по серијата „Крим тим 2“.
Лучиќ и претходно имал проблеми со законот. Претходно бил уапсен и осуден за обид за изнуда, закани и протекување доверливи информации од Министерството за внатрешни работи.
Според Индекс, Лучиќ и Мустафчиќ се познаници, а точниот мотив зад овој инцидент е непознат.
Мустафчиќ е надвор од животна опасност.