263
Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се превезувале, се судрил со камион во градот Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.
Несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.
Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на патот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.
Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница.