За време на интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари ѝ го дадоа на Опра Винфри, војводата од Сасекс допре финансиски теми, поточно моментот кога кралското семејство одлучило да го затвори изворот на приходи за нив, што го принудило да започне да ги троши парите кои ги наследил од неговата покојна мајка, принцезата Дајана. Сега се поставува прашањето за која сума станува збор.
Кога принцот Хари и Меган Маркл решија да ги напуштат своите позиции во кралското семејство и да започнат независен живот на друг континент, неговото семејство одби да ги финансира. Тоа веројатно беше најголемиот удар за нив, бидејќи, очигледно, тие очекуваа дека ќе можат да продолжат да живеат удобно на сметка на британските даночни обврзници.
Самиот принц Хари ја допре оваа тема во интервјуто кое ѝ го даде на Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл и откри дека ги „спасило“ наследството кое му го оставила неговата мајка, принцезата Дајана.
Како што напиша „Форбс“ уште во 2014 година, кога Хари наполни 30 години, тој наследил повеќе од 10 милиони фунти од имотот на неговата мајка.
„Морав да го платам нашето осигурување. Финансиски бев отсечен во првиот квартал од 2020 година. За среќа, имав пари што мајка ми ми ги остави и без тоа немаше да можеме да сториме ништо“, и раскажа Хари на Опра Винфри.
Нејзините синови ѝ беа сè, затоа не е изненадувачки што принцезата Дајана им остави поголем дел од имотот, но и некои други луѓе исто така добија дел од богатството, на пример нејзиниот омилен батлер Пол Барел, како и 17-те деца на кои им беше кума.
Нејзината мајка Франсис Рут Санд Кид, како и нејзината сестра Лејди Сара МекКордел се именувани за извршители на нејзината волја и наследство. Во придружните документи се вели дека нејзините синови ќе наследат дел од парите кога ќе наполнат 25 години, а остатокот кога ќе наполнат 30 години.