530
Шестгодишно дете загина, а неколку луѓе се повредени во пукотница во американската сојузна држава Мисисипи, соопштија локалните власти.
Началникот на полицијата во градот Мекомб, Гарланд Вард, изјави дека во четири жртви било пукано зад локалното средно училиште Макомб, на околу 130 километри јужно од Џексон, објави „Фокс њуз“.
Детето било пренесено во локалниот медицински центар, каде лекарите констатирале смрт, додека состојбата на другите жртви не е позната.