Дете обвинето за богохулење, му се заканува смртна казна

од Берта Китинска
307 прегледи

Осумгодишно момче од Пакистан е притворено откако било обвинето за богохулење, пренесува Гардијан.

Момчето, кое е најмладото лице притворено поради богохулење во таа земја, минатиот месец беше обвинето откако намерно се измокрило на килим во медреса, во библиотеката каде се чувале верски книги.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, а детето претходно беше ослободено од полицискиот притвор, во Пакистан проследоа протести на муслиманите на хиндуистичкиот храм во Пенџаб.

По големите протести, момчето е под полициска заштита, а неговото семејство и роднините ги напуштија своите домови, како и многу локални хиндуисти, поради немирите и нападите кои биле извршени.
Обвиненијата за богохулење се казнуваат строго во Пакистан, а за навреда на исламот може да се предвиди смртна казна.

Слични содржини