Дете посака гитара, Путин му помогна да добие стан

од Nikola Popovski
401 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин му помогнал на семејство на момче кое сонувало за гитара, да го реши станбеното прашање во рамки на кампањата „Елка на желби“.

Марко Кобљенјев, 14-годишник од московскиот регион, сакал да има гитара за Нова година, но претседателот во разговор со неговата мајка Надежда дознал дека двајцата живеат со пријатели во семејство со неколку деца.

Путин ветил дека ќе разговара со шефот на регионот за да им помогне на момчето и неговата мајка, како и на оние кои им обезбедиле засолниште, пишува РИА Новости.

Претседателот денеска ги повика Марко и Надежда кои се во новиот стан и прво го прашал момчето за часовите по музика.

„Доби гитара. Ќе треба да вежбаш. Мислев дека ќе биде подобро ако имаш своја соба, каде што ќе можеш да свириш“, рече Путин.

Марко ветил дека ќе научи да свири на гитара и дека ќе отпее песна за претседателот.

„За мене? Благодарам. А која?“, се заинтересирал Путин, а момчето одговорило дека тоа ќе биде песната „Висина“ на рускиот уметник Владимир Висоцки.

Акцијата „Елка на желби“ годинава се одржа од 15 ноември до 15 декември.

Во рамките на оваа акција се исполнуваат желбите на децата со посебни потреби, со пречки во развојот и децата без родители или децата од семејства со ниски приходи.