„Детектор“: 25 отсто од граѓаните велат дека останале без работа поради корона кризата

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Една четвртина од граѓаните велат дека останале без своето работно место поради корона кризата, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем. 14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле.

47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекаде имаат намалување на приходите.

Слични содржини