„Детски предатор“: Пензиониран свештеник обвинет за убиство на девојче во 1975 година

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Пензиониран свештеник во Џорџија е обвинет за убиство на осумгодишно девојче, чии останки беа пронајдени пред речиси половина век во југоисточна Пенсилванија.

Дејвид Зандстра (83) од предградието на Атланта, Џорџија, беше обвинет за убиство од прв, втор и трет степен и киднапирање на малолетник во 1975 година, пренесува АП.

Окружниот обвинител Џек Столштајнер изјави за новинарите дека обвинетиот е „чудовиште“ и „најлошиот кошмар на секој родител“.

„Ова е човек кој е безмилосен детски предатор кој се однесувал како да е пријател, сосед и Божји човек. Тој го убил ова кутро девојче“, рече Столштајмер.

Откако го убил девојчето кое го познавало и му верувало, тој „се однесувал како да е семеен пријател, не само за време на нејзиниот погреб, туку и со години потоа“, рече обвинителот.

Харингтон исчезнала во средината на август 1975 година додека одела од нејзиниот дом до црквата каде што Зандстра бил свештеник.

Нејзиното тело било пронајдено два месеца подоцна од страна на џогер во државниот парк Ридли Крик во Медиа.

Харингтон, која обично била придружувана од нејзините сестри, била сама тој ден, а Зандстра, кој бил еден од најдобрите пријатели на нејзиниот татко, ѝ понудила да ја префрли.

„Кога тој ѝ понудил да ја префрли со неговиот автомобил, таа секако влегла во автомобилот“, рече Столштајмер.

Потоа ја однел во шума каде ја удрил по главата и ѝ го покрил телото.

Кога се вратил во црквата се однесувал како ништо да не се случило, а кога таткото на осумгодишното девојче од него побарал помош, Зандстра прв повикал полиција.

Слични содржини