Во пукање во Вашингтон повредени се девет лица, меѓу кои деветгодишно дете и 17-годишен тинејџер, додека тие го прославувале Денот на независноста, 4 јули, соопшти денеска полицијата.
Сите девет лица кои беа повредени во раните утрински часови се здобиле со повреди кои не се опасни по животот по пукањето во близина на улицата Мид во североисточен Вашингтон, изјави помошникот началник на Вашингтон, Лесли Парсонс, пренесе Си-Ен-Ен.
Истрели беа испукани од теренец со темна боја што се движеше по улицата Мид, рече Парсонс во видео изјава на Твитер.
Според него, полицијата била алармирана за пукањето нешто пред еден час по полноќ.
Неколку од повредените се пренесени со брза помош во болниците, додека други сами тргнале да побараат помош, рече тој, додавајќи дека полицијата трага по темен џип.
Најмалку 350 масовни престрелки се пријавени во САД оваа година, според Архивата за огнено насилство, која го дефинира масовното пукање како пукање во кое се застрелани четири или повеќе лица.