240
Во јужниот град Запорожје е најавен продолжен полициски час. 38-часовниот полициски час ќе биде во сила во градот од 16 часот по локално време (14 часот по Гринич) до 6 часот наутро во понеделник.
Заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиев потврди дека девет лица загинале, а 17 се ранети во руското гранатирање на периферијата на градот во петокот.
Куртиев рече дека Запорожје во последните денови се соочува со напади на руските војници со минофрлачи, тенкови, хеликоптери и ракетни системи.