286
Девет лица загинаа, а едно е тешко повредено и е во критична состојба во несреќа во која учествувале шест возила во Северен Лас Вегас, Невада.
Според полицијата на Невада, несреќата ја предизвикал возач кој возел брзо и поминал на црвено светло.
„Тој поминал на црвено светло пред судирот што се случи во саботата попладне и во кој учествуваа 15 лица“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата во Северен Лас Вегас, Александар Куевас.
„Досега не сме виделе сообраќајна несреќа со толку жртви“, рече Куевас.
Посочи дека несовесниот возач со своето возило удрил во неколку возила.
Куевас изјави дека две лица се префрлени во болница, а едното од нив им подлегнало на повредите, а другото е во критична состојба.