Деветгодишно дете и 44-годишен маж од Росоман позитивни на Ковид-19

од Aleksandar Petrovski
218 прегледи

Уште двајца росоманци се позитивни на Ковид-19 во изминатите 24 часа, тие се  на возраст од 9 и 44 години, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог  при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Двајцата претходно имале контакт со лице позитивно на коронавирус. Имаат лесна клиничка слика. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Слични содржини