Девојче (15), повредено во пожарот во Кочани, отпуштено од бугарската болница „Пирогов“

од Milan1
2,2K прегледи

Девојче повредено во пожарот во Кочани и кое беше примено во болницата „Пирогов во Бугарија,“ е отпуштено од болница, потврдија од болницата за „БТВ“.

Девојчето – 15 години е примено во болница по осумте пациенти од Кочани кои првично биле хоспитализирани во „Пирогов“.

Детето имало тешка изгореница на подлактицата поради што морало да остане на лекување, изјави на 18 март за новинарите директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.

Во Бугарија на лекување остануваат 14 од жртвите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе „БТВ“. Осум од нив се во болницата „Пирогов“ и по три во Поморската болница во Варна и болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив.

Во пожарот во дискотека во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Загинатите во пожарот се на возраст од 14 до 25 години.

Слични содржини