Девојче е првороденото бебе во Струмица

од Aleksandar Todeski
374 прегледи

Првото родено бебе во Струмица е девојче, кое се родило на една минута по полноќ. Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски утрово отишол во посета на мајката и бебето, а девојчето како подарок добило штедна книшка со 20.000 денари.

„Новиот жител на нашата Општина во оваа нова 2020 година е девојче, родено во првата минута по полноќ. Го посетив новороденчето и неговата мајка Сандра Тошева од населеното место Муртино во болницата во Струмица. Им посакав се најубаво во Новата година, а на новороденчето му подарив и штедна книшка со 20 илјади денари“, пишува градоначалникот Јаневски.

Слични содржини