Девојче тешко повредено откако ја удрило автомобил во Тетово

од Andreja Salpe
294 прегледи

Седумгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница е однесено на скопските клиники.

– Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово. 

Слични содржини